Кумановец пронајден починат покрај кошница за пчели

Сподели со своите пријатели

Шеесет и едногодишен кумановец бил пронајден вчера починат покрај кошница за пчели во селото Драгоманце.

– На 10.06.2026 во 21:40 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош е пријавено дека во атар на село Драгоманце, општина Старо Нагоричане било пронајдено починато лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По извршени проверки, како што додаваат од полицијата, било утврдено дека се работи за В.Р.(61) од Куманово, кој бил пронајден во пчеларска униформа покрај кошница за пчели.

– Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца повредени при напад со нож во кумановско

Никола Ивановски