Полицијата уби двајца вооружени Палестинци откако отворија оган на автобуска станица во Ерусалим, соопштија израелските власти.
Во нападот загинаа тројца цивили, една 24-годишна жена, еден постар маж на 70-годишна возраст и уште едно лице на непозната возраст.
Надлежните наведуваат дека поради повредите во болница се пренесени уште пет лица, од кои тројца се во тешка состојба, пишува Би-би-си.
Според израелската полиција, нападот се случил покрај главниот автопат на периферијата на градот за време на шпицот на сообраќајот.
„Двајца терористи пристигнале на местото на настанот со возило и почнале да пукаат на автобуската станица. Тие биле неутрализирани од безбедносните сили и цивилите кои биле во близина“, соопшти полицијата.