НАЈМАЛИОТ БРАЧЕН ПАР ВО СВЕТОТ: Заедно немаат ниту два метри (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најнискиот брачен пар во светот, кој заедно има помалку од два метри, докажа дека големината навистина не е важна кога е во прашање љубовта.

Пауло Гавриел да Силва Барос и Катициа Лие Хошино од Бразил имаат дијагностицирана форма на дварфизам. Барос е висок 90,28 сантиметри и боледува од дистрофичен дисплазиски дварфизам, додека неговата сопруга Катициа има 91,13 сантиметри. Нејзе и е дијагностифициран ахондроплазиски дварфизам, пишува Дејли мејл.

Тие се запознале преку социјалните мрежи пред 10 години и веднаш започнале да се допишуваат.

СРЕДБА ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Највисокиот маж и најниската жена во светот (фото)

Loading...

Пауло рекол дека тоа била љубов на прв поглед.

– Помислив дека е многу убава уште кога ја видов прв пат, открива тој.

Катициа во почетокот мислела дека Пауло е досаден, но по 18 месеци сфатила дека неговите намери се чисти.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

 

Набргу започнале да живеат заедно, а за себе велат дека се исти како и сите други парови.

Катициа има козметички салон, додека Пауло работи како државен службеник во локалната самоуправа.

Тие рекле дека секојдневно привлекуваат внимание со својата височина, но дека љубовта која ја чувствуваат еден кон друг им дава сила.

– Среќни сме што влеговме во Гинисовата книга на рекорди. Веруваме дека вака можеме да ги охрабриме луѓето да не гледаат на телесните разлики во другите и да знаат дека би требало да ги третираат еднакво. Ние сме ниски, но имаме големи срца кои имаат доволно љубов за сите. Пред нас се предизвици и заедно ќе ги решаваме, порачал Пауло.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

 

Пауло и Катициа секојдневно се среќаваат со броји потешкотии кои на поголемиот дел од луѓето не им задаваат проблеми. Така на пимер, не можат да го дофатат банкоматот, ВЦ-то, мијалникот, рерната. Тешко им е да отворат врата или прозорец ако не се прилагодени на нивниот раст.

– Единствена разлика која ја гледам се работите во јавните простори. На пример, банкоматот е направен само за лица со нормална височина. Тоа е едноставна работа. Лице со нормална висина има пристап, но ние, за жал, немаме – рекол Пауло.

 

Loading...

 

И покрај некои потешкотии, парот ужива во љубовта. Често патуваат, уживаат во излегувањата, а најмногу сакаат да јадат и да спијат.

– Тоа се работи кои најдобро ги правиме, заклучиле тие.

Leave a Reply