Најголемата куќа чини милијарди долари, живеат четири семејства, а ја одржуваат 600 луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најголемата приватна куќа во светот е изградена во 2010 година и се наоѓа во Мумбаи, Индија.

Loading...

Куќата, наречена Антилија, е изградена во 2010 година и ја носи титулата најголема во светот.

Ова е најскапата венчаница во светот, направена од стотици дијаманти (ВИДЕО)

Во суштина станува збор за солитер од 27 ката, со површина од 37.161 квадратни метри.

Она што е уште поинтересно е фактот дека куќата ја користи четиричлено семејство, а за дневно одржување е потребен персонал од 600 лица.

Антилија не само што е најголемиот дом во светот, туку е и најскапиот имот на светот. Неговата вредност е проценета на повеќе од една милијарда американски долари.

Влезете во најскапата куќа во Европа (фото+видео)

„Куќата“ била дизајнирана од компанијата Перкинс и Вил од Чикаго, а градежните работи ги направила австралиската фирма Лејтон и Вил.

Loading...

Солитерот е висок нешто помалку од 167 метри и има 27 катасо многу високи тавани. Со оглед на висината на просечниот таван, оваа зграда можеше да има и до 60 ката.

Градат најскап вештачки остров затоа што им фалат станови

На покривот има многу простор за слетување на три хеликоптери, а подолу е кат за контрола на летот. Ова е проследено со станбена површина, потоа катови наменети за персоналот, апартмани за гости, базен, бања, градини на отворено, кино со 50 седишта, а на дното се катови кои можат да се користат како гаража каде можат да се сместат повеќе од 200 автомобили.

Антилија може да издржи земјотрес до осум степени по Рихтер и е дизајниран да заштеди што е можно повеќе енергија преку употреба на пасивна вентилација и градина за ладење.

Кога пасивната енергија не е доволна, постои и голема „ледена соба“ што ја одржува зградата поладна од која било зграда во градот.

Вредноста на зградата е проценета на повеќе од една милијарда американски долари, при што индиските медиуми пишуваат дека изградбата чинела двојно повеќе.

Leave a Reply