Градат најскап вештачки остров затоа што им фалат станови

Сподели со своите пријатели

Хонгконг објави дека планира изградба на вештачки остров кој ќе биде еден од најскапите проекти тежок 79 милијарди долари.

Loading...

Локалните власти одлучиле проблемот со недостаток на станови да го решат со проект кој предвидува насипување земја околу островот Лантау на околу 1.000 хектари. Овој град инаку е познат по најскапата земја во светот.

Овој најскап инфраструктурен проект во историјата на Хонгконг предвидува насипувањето на земјата да започне во 2025 година, а првите жители би требало да се вселат во 2032 година.

Изградбата на овој остров би била далеку поскапа од изградбата на познатиот остров во форма на палма во Дубаи, кој чини 12 милијарди долари.

Островот ќе биде три пати поголем од Центарл парк во Њујорк, а на него се предивуда изградба на 260.000 станови.

Loading...

Меѓутоа, при самото излегување во јавноста со најавата проектот се нашол на удар на критичарите кои го оцениле како прескап, а особено оние кои тврдат дека ваков вештачки остров ќе нанесе штета на животната средина.

Leave a Reply