Во Транзитниот центар Табановце се потребни нови чешми, замена на искршените лабавоа во тоалетите, штекери за тајфуни, како и обложување на надворешните чешми со стиропор и стаклена волна, се вели во дневниот извештај на РЦУК, откако вчера во центарот е извршена обиколка од страна на надлежните од Министерството за труд и социјална политика.
Поради студот, како што претходно информираше РЦУК, чешмите и новопоставените тоалети се ставени вон функција, а во меѓувреме, ставени се тајфуни како заштита од повторно замрзнување.
Инаку, во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e дезинфекција на 5 вагони -1000 м.кв на Железничка станица Куманово, како и дезинфекција на 800 м.кв.простор со објекти во пунктот за помош на мигрантите во Табановце.
Во периодот од 31 декември до 3 јануари, тимовите на Итна медицинска помош не пружиле здравствена заштита на бегалци, наведува РЦУК во дневниот извештај.