МЗТ Скопје со победа над КК Куманово до четврти трофеј во кошарка

Сподели со своите пријатели

Со резултат 94:85, вечерва во Скопје заврши борбата за титула во кошарка која се водеше помеѓу КК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром на три последователни натпревари.

Loading...

МЗТ Скопје со победата со 3:0, стана новиот кошаркарски шампион.

Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Предраг Самарџиски кој средбата ја заврши со „дабл-дабл” учинок од 22 поени и 11 скокови, додека кај гостите Вукашин Мандиќ постигна 23.

Ова е севкупно и четврти трофеј првак на Македонија за МЗТ Скопје во неговата клупска историја, а Куманово и по втор пат во финалето не успева да ја освои титулата.

Leave a Reply