Околу 1.500 мигранти вчера околу 15:30 часот илегално влегле на територијата на Република Македонија, преминувајќи ја границата со јужниот сосед во близина на селото Моин, гевгелиско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Покрај групата од 1.500 мигранти кои навлегле на македонско тло, спречен бил влез на уште 600 мигранти кои биле на самата гранична линија во обид да влезат во Република Македонија.
Заедно со мигрантите на македонска територија влегле и 72 странски новинари и сниматели кои биле обезбедени, а истите заработиле и платни налози, односно казни за илегално преминување на државна граница по што истите биле вратени во Грција.
Освен новинарите на грчко тло вратени биле сите мигранти кои илегално влегле на тероторијата на Македонија.
Дел од порталите објавија дека новинарите заработиле казни од 510 евра, како и шестмесечна забрана за влез во Република Македонија, но засега од МВР нема потвра за оваа информација.