Жените во Њујорк со години постојано ја барале неговата сперма, па Ари Нагел веќе има 33 деца. Но, познатиот донор сега има проблеми во Израел – ниту една клиника повеќе не смее да има работа со него.
Израел се обидува да забрани донирање на сперма на професорот по математика и сериски донор кој веќе има премногу деца.
Ари Нагел (42) кому медиумите ми го дале прекарот „Сперминатор“ во изминатите десет години станал татко на 33 деца ширум американската држава Њујорк, а уште некои десетина деца се веќе на пат.
'Sperminator' who has fathered 33 children with 10 more on the way is banned from donating sperm in Israel https://t.co/1jnqCGXTkd
— Daily Mail Online (@MailOnline) June 18, 2018
Нагел својата сперма ја донирал на десетици жени, понекогаш едноставно ејакулирал во чаша во јавните тоалети на Старбакс, пишува Њујорк тајмс.
Во статијата објавена уште пред две години, Њујорк пост пишувал дека жените се опседнати по него – Нагел има добар карактер, згоден е и подготвен да ја донира спермата бесплатно.
Има 102 деца и „малку“ проблеми: Донатор на сперма малку се заиграл
Меѓу жените кои од разни причини не можат да зачнат по природен пат имало и разведени и сами дами, лезбејки или парови кои од здравствени причини не можат да станат родители. Ари Нагел претставувал примамлива алтернатива за скапите банки за сперма.
Властите во Израел одлучиле на тоа да стават крај
Кон крајот на минатата година, 43-годишна жена отпатувала со него во Израел, со намера да замрзне и прими негова семена течност во приватна клиника. Но, пред воопшто да ја напушти клиниката, лекарот го издвоил неговиот примерок и му рекол дека не смеат да ја всадат неговата сперма.
Why is Israel banning this U.S. Jewish super sperm donor?: Ari Nagel, a math professor from Brooklyn, has sired 33 children across the U.S. But after donating his sperm to seven women in Israel, the Health Ministry has put its foot down https://t.co/SPm08zIc8m Haaretz pic.twitter.com/YasUN8kPoS
— Jewish Community (@JComm_NewsFeeds) June 17, 2018
Од Министерството за здравство во Израел на жената која се обидувала да зачне и испратиле писмо во кое велат дека во Израел не може да се користи неговата сперма и дека клиниките за тоа се известени. Имено, законот таму пропишува дека сите донори мора да бидат анонимни, односно дека донорот не смее да го знае идентитот на другата страна и обратно, примателот не смее да го знае идентитетот на донорот.
Единствен на листата забранети
Единствен исклучок е донорот да потпише изјава дека ќе учествува во одгледувањето на детето.
Првиот бремен маж: Роди три деца, а вака изгледа неговиот живот денес (видео)
Така Нагел, кој инаку е во брак и со сопругата има три деца, потпошал таква изјава на последната жена која сакала да ја користи неговата сперма во израелската клиника, но уште шест жени користеле негова сперма во Израел. Имено, државата не сака да ја врати неговата сперма на жените кои во клиниките веќе платиле однапред за всадување на спермата.
Но, израелското Министерствто за здравство не ја признало неговата изјава за преземањето родителска одговорност.
– Земајќи го предвид бројот на жени кои Нагел ги оплодил, нашето мислење е дека неговата изјава да преземе родителска одговорност и да учествува во одгледување на децата не е искрена, ниту разумна, напишале од министерството.
Israel is trying to ban this sperm mega-donor from having any more kids https://t.co/zuXZHfyHHm pic.twitter.com/4jqrP09r8l
— New York Post (@nypost) June 19, 2018
– Сакаат да ја забранат мојата сперма. Постои листа на забранети донори, а јас сум единствен на таа листа, се пожалил Нагел.
Поради таквата одлука, 43-годишната жена чиј идентитет не е познат, одлучила да го тужи изралското Министерство за здравство, а случајот сега е на највисоката судска истанца.