Првиот бремен маж: Роди три деца, а вака изгледа неговиот живот денес (видео)

Сподели со своите пријатели

Томас Бити (42)  во 2008 година ја шокираше светската јавност, кога стана првиот бремен маж во светот.

Бил роден и пораснал како девојче, но во 23 година започнал хормонски терапии и бројни хирушки интервенции, по што официјално започнал да живее како маж.

Тој ги задржал своите репродуктивни органи за да може да има свои деца. Од првиот брак со сопругата Ненси има три деца, Сузан, Остин и Џенсен.

Тој бил дел од процесот за вонтелесно оплодување и забременил со помош на сперма од анонимен донатор.

По разводот со Ненси, тој се вљубил во Амбер Николс, директорка на детска градинка во која оделе неговите деца. Тие денес заедно ги одлгедуваат децата, а тој признава дека никогаш не бил посреќен.

Својата животна приказна ја раскажал во емисијата на американската водителка Опра Винфри.

 

Loading...