Министерот Бектеши интервенирал во Слупчане: ЕВН ќе влезе во селото!

Сподели со своите пријатели

Министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи се договориле со мештаните на Слупчане, екипите на ЕВН да можат непречено да работат во селото.

Loading...

Од Електродистрибуција информираат дека дефектот ќе се санира наскоро, по добиените гаранции.

– Дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време по добиени гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договориле со мештаните за да не ги спречуваат екипите на Електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување на нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија, велат од компанијата.

Инаку во Слупчане масовно се краде струја што ја оптерети тамошната мрежа и селото остана без снабдување.

Мештаните вчеравечер не им дозволија на екипите на ЕВН да интервенираат и запалија гуми на влезот на селото.

При обид нелегално да се приклучат ноќва на мрежата, слупчанци ја оштетиле мрежата дополнително при што уште неколку села во липковско останаа без електрична енергија.

Според ЕВН, само 20 отсто од потрошената струја во селото Слупчане се наплаќа, а остатокот се краде.

Никола Ивановски

Loading...