Слупчанци во обид да си приклучат сами струја, предизвикаа прекини и во други села

Сподели со своите пријатели

Мештани на липковско Слупчане ноќва обиле енергетски објект во селото во обид нелегално сами да си приклучат струја, но предизвикале прекини во санбдувањето и во други села.

Loading...

Информацијата утринава ја потврдија од компанијата ЕВН, од каде велат дека лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на Електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

– По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици, информираат од компанијата.

Селата Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане.

Од Електродистрибуција и денеска се со ист став – мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

– Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека не добијат цвртсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат, стои во соопштението од компанијата.

Дури 80 отсто од струјата во Слупчане е кражба, а се наплаќаат скромни 20 отсто од искористената.

Никола Ивановски

Loading...