Во Куманово за 2015 година биле собрани вкупно 2.600 крвни единици во 42 крводарителски акции на Црвениот крст, информираат од Основната организација на ЦК на Куманово, а пренесува ТВ Сител.
Во однос на 2014 година бројката незначително бележи пад, но не се отстапува од просечните собрани единици во однос на претходните години.
Задоволни сме од бројот на ланските крводарувања, особено ако се спореди со пред пет-шест години кога бројот на собрани крвни единици се движеше до 1.800, изјави Ива Младеновска, стручен соработник за здравство во Општинската организација на Црвениот крст.