Милијардерот Бренсон лансираа ракета во орбитата

Сподели со своите пријатели

Британскиот бизнисмен Сер Ричард Бренсон планира за овој викенд прво лансирање на својот нов вселенски систем, пишува ББС.

Loading...

Virgin orbit со седиште во Калифорнија ќе испрати сателит во орбитата со употреба на ракета што ќе биде лансирана од крилото на џамбо џет.

SpaceX ја испраќа првата ракета со екипаж во вселената

„Cosmic girl“, авион кој некогаш беше дел од авиокомпанијата „Virgin Atlantic“ на Бренсон, ќе носи ракета наречена „LauncherOne“ до висина од десет километри и ќе ја пушти во слободен пад.

Четири секунди подоцна, кога „Cosmic girl“ ‘e се сврти нагло десно, „LauncherOne“ ќе ги активира своите мотори и ќе го започне искачувањето во орбита, а сателитот ќе се ослободи по 32 минути.

Мисијата што ќе се изврши над Тихиот океан е планирана за сабота наутро.

 

фото: Википедија

 

Loading...

Ако се оди добро, „Virgin Orbit“ планира наскоро да премине на комерцијални операции.

Компанијата веќе направи ракета за друга мисија во својата фабрика во Лонг Бич.

Веќе постои динамичен пазар за мали и евтини сателити што инженерите се обидуваат да ги испратат во вселената на поевтин и пофлексибилен начин.

Сакал да докаже дека Земјата е рамна плоча, па загинал во сопствената аматерска ракета (ВИДЕО)

„Virgin Orbit“ е една од многуте компании кои се натпреваруваат да ги задоволат нивните побарувања. Меѓу другите е и „Rocket Lab“, која ги лансира своите авиони од копнените платформи во Нов Зеланд, но и десетици други мали ракетни почетоци во различни фази на развој.

Бренсон првично го испланирал договорот за лансирање на сателитите, како дел од туристичкото вселенско патување познато како „Virgin Galactic“, но на крајот одлучи да ги раздели проектите.

Leave a Reply