Миле Цеков: По 33 години време е да обрнеме внимание на најважните проблеми кај граѓаните

Сподели со своите пријатели

Во вечерашното гостување на пратеникот Миле Цеков од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија на ТВ 24 изјави дека „ЗНАМ е организирана партија и има формирано тим за преговори кои се во завршна фаза за евентуално коалицирање во влада.

Loading...

По завршување на тие преговори, заедно со извештајот, преговарачкиот тим ќе ги достави до органите и телата на партијата и ќе разгледаме за евентуалните кадровски решенија.”

Тој додаде и дека “Доколку ги усогласиме нашите програмски определби и тие бидат дел од владината програма ние ќе бидеме дел од истата.”

На прашањето за законот за реорганизација Цеков кажа дека ЗНАМ го поддржува законот и потоа додаде

ПРОЧИТАЈТЕ И:  2.000 деца од Скопје по земјотресот се школувале во Куманово

„Најпрво треба да ја погледнеме систематизацијата, како ќе функционира по формирањето на влада и како ќе функционираат во пракса овие нови министерства. Сметам дека нема да има нови вработувања бидејќи кадрите се трансформираат од еден ресор во друг. Во извештаите од европската комисија е нотирано дека треба да има реформа во јавната администрација затоа што таа е преполовена и гломазна, но најсуштински од сето ова е дали ќе имаме квалитетни кадри. Сето ова ќе го увидиме со новата влада и како ќе се позиционираме во однос на новите министерства.”

Тој на крај посочи:

„Сметам дека после 30 години редно време е да не правиме фасади и шминки и да обрнеме внимание на структурните реформи, како што е раст на платите, извозната компонента, поддршка на домашните компании, да направиме проценка за странските инвестиции, конкурентноста и продуктивноста.”

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВРЕМЕПЛОВ: Потресни сведочења на преживеаните од земјотресот во 1963