Михаил Ангеловски од Куманово ќе биде дел од составот на младинската репрезентација на Македонија до 16 години.
Ангеловски со репрезентацијата ќе настапи на FIBA U16 EuroBasket, што се одржува во Гевгелија.
– Неговиот настап на едно вакво престижно европско натпреварување е резултат на талентот, посветеноста и секојдневната напорна работа, а воедно претставува инспирација за сите наши ученици, велат од Спортска академија Куманово, чијшто ученик е Ангеловски.
Репрезентацијата веќе освои победа над Кипар со 82:63, а Ангеловски имаше седум скока, осум поени и девет асистенции.

Никола Ивановски

