Медведев: Изјавата на Зеленски за можноста за размена на територии е глупост

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можноста за размена на територии меѓу Русија и Украина е „глупост“.

Loading...

„Мир преку сила, велите? Понекогаш овој концепт навистина функционира. На пример, со демонстрирање на вистинска, а не измислена рамнотежа на силите. Како денес во Киев по пристигнувањето на нашите ракети и дронови. Иако дури и таквите постапки не се во состојба целосно да ги исчистат умовите на оние нелегитимни будали кои треперејќи се од страв и криза со дрога, зборуваат пред камера глупости за размена на територии, напиша Медведев на телегрма.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Многу го цениме ослободувањето на американскиот државјанин од Путин

Зеленски претходно во интервју за „Гардијан“ изјави дека не ја исклучува можноста за „некаков вид“ територијална размена со Русија.

Тој рече дека ако Трамп успее да ги доведе Украина и Русија на преговарачка маса, Киев планира да ѝ понуди на Русија директна размена на територии, откажувајќи се од земјиштето што го држеше во руската област Курск откако започна ненадејна офанзива таму пред шест месеци.

„Ќе размениме една територија за друга“, рече тој, но додаде дека не знае каков дел од окупираната територија ќе побара Украина за возврат.

„Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритети“, рече тогаш тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот секретар за одбрана ги повика Европејците да ги зголемат воените трошоци