Медицинска сестра од Куманово обвинета за проневера во служба

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С. (44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Loading...

Пријавената како одговорна медицинска сестра во ЈЗУ „Здравсвен дом“ – Итна медицинска помош со домашно лекување во Куманово, во текот на 2013 и 2014 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, вршела фалсификување на дневните финансиски извештаи кои ги раздолжувала во благајната на ЈЗУ „Здравствен дом“.

На ваков начин пријавената ја оштетила јавната здравствена установа за износ од 517.797 денари.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.