Мецола: Европа мора да биде одговорна за својата безбедност

Сподели со своите пријатели

Европа мора да биде одговорна за сопствената безбедност, никој друг тоа нема да го направи наместо нас, изјави денеска претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола за време на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел посветен на прашањето за одбраната.

Loading...

На состанокот Мецола ја истакна својата визија за тоа како Европа „може и мора да ја зајакне сопствената безбедност и одбрана“ и истакна дека целите на ЕУ мора да бидат „повеќе акции, повеќе финансии и повеќе соработка“, соопшти Европскиот парламент.

Таа додаде дека треба да се направи повеќе за да се заштити Европа и да се финансира таа заштита и укажа на потребата од подобра координација во рамките на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

„Прво, треба да направиме повеќе за да ја заштитиме Европа. Русија сепак може да произведе повеќе оружје за три месеци отколку ние за 12. Треба да направиме повеќе, многу повеќе, за да го зголемиме одбранбеното производство и да ја зголемиме нашата одбранбена подготвеност. Сето ова можеме да го направиме на начин што ќе ги почитува уставните специфичности на земјите-членки“, рече Мецола.

Истовремено, таа оцени дека инвестирањето во безбедноста на Украина е најдобрата инвестиција во европската безбедност.

„Второ, треба да направиме повеќе за да ја финансираме оваа заштита“, подвлече Мецола, додавајќи дека кога станува збор за инвестирање во безбедноста, не се работи само за заштита, туку и за зајакнување на европската конкурентност, поттикнување на растот, создавање квалитетни, висококвалификувани работни места  и охрабрување на „секојдневните откритија кои го подобруваат начинот на кој живееме, работиме и се поврзуваме“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ја искористија Америка“: Трамп најави царини за Европската унија

Претседателот на Европскиот парламент смета дека „јавното финансирање може да не однесе далеку“, но дека нема да биде доволно и наведува дека затоа е неопходна мобилизација на приватниот капитал.

Таа, исто така, рече дека вистинскиот поттик лежи во решавањето на фрагментацијата на европските пазари и рече дека „нема смисла Европа да има 178 различни системи на оружје, додека САД имаат 30“.

Loading...

„Трето, треба подобро да се координираме. Фрагментацијата не чини милијарди: меѓу 25 и 75 милијарди евра се губат поради дуплирање и неефикасност“, рече Мецола.

Во тој контекст, таа оцени дека сега е време да се оди напред по прашањето за единствен пазар за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лидерите на ЕУ се собираат за да ги зајакнат европските одбранбени капацитети

„Одбрана – трговија – политичка реалност. Очекувањата од нас се големи. Мораме да бидеме подготвени да одговориме. Ефикасно, силно – дури и драстично. Европа мора да биде одговорна за сопствената безбедност. Никој друг нема да го направи тоа наместо нас“, заклучи Мецола.