Маричиќ од Брисел: Со европски вредности да се надвладеат провокациите и инцидентите

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на билатералната средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук рече дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужни и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ.

Loading...

– Меѓусебното почитување и уважување изградено врз европски вредности е единствениот модел за успех за сегашните и идните генерации. Знаеме дека секогаш ќе постојат фактори и од двете страни на границата, а и надвор од тие рамки кои сакаат инциденти, национализам, конфликти и враќање во минатото, кажа Маричиќ на средбата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новата мерка за практиканство обезбедува три месеци платена обука за 1.352 млади

Вицепремиерот заедно со европратеникот Ќучук потврдија дека покрај сите провокации и обиди за нарушување на добрите односи, двајцата, заедно со граѓаните, сакаат и силно се залагаат за соработка и добрососедство кои носат благосостојба за двете држави и двата народи и дека веруваат дека таа опција е и побројна, и посилна и дека со сигурност ќе надвладее во оваа ситуација.

Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел во Европскиот парламент се сретна и со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер со кои разговараа за текот на скрининг процесот, реформскиот план и обврски и задачите кои ги имаме до крајот на оваа година.

На средбата со Мекалистер беше истакнато дека сега Северна Македонија мора фокусот да го стави на реформите и на политичкиот консензус бидејќи тие се гаранти за брз напредок на патот кон ЕУ. Исто така Мекалистер кажа дека Европа се соочува со безбедносни предизвици и затоа е важно регионот да остане стабилен и на европскиот пат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од утре Македонија во топлотен бран, температури над 40 степени

– Членството во ЕУ е мора да остане наш надворешнополитички приоритет, како и дека ги спроведуваме неопходните реформи за да можеме да ја исполниме нашата цел и визија, 2030 да е година за членство во ЕУ, истакна Маричиќ.

Маричиќ разговараше и со европратеничката Ирена Јовева која му ја потврди позитивната енергија за Северна Македонија и поддршката од европските пратеници и Европскиот парламент за преговорите со ЕУ.

Отворање политички дијалог во Парламентот и заедничка соработка околу евроинтеграциите ќе значи влегување на Северна Македонија во следната фаза од процесот. Северна Македонија има капацитет и сме убедени дека сега е неопходен напредок и опипливи резултати кога станува збор за спроведувањето на реформскиот план и клучните области како владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, посочи Маричиќ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новата мерка за практиканство обезбедува три месеци платена обука за 1.352 млади

Денеска во Брисел, Маричиќ ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, со новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.