Махмуд Абас: Секој обид на Израел да ја подели Газа е неприфатлив

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека секој потег на израелските окупаторски сили да ја подели Газа на два дела е неприфатлив и нагласи дека енклавата е составен дел на Палестина, пренесува Anadolu.

Loading...

Абас имаше одвоени телефонски разговори со холандскиот премиер Марк Руте и австралискиот премиер Ентони Албанес, јавува палестинската новинска агенција ВАФА.

За време на разговорот со Руте, тој рече дека неодамнешната изјава на израелската армија дека нејзините сили ја поделиле Газа на два дела е неприфатлива и дека нема посебно политичко или безбедносно решение за Газа, бидејќи таа е нераскинлив дел од палестинската држава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 14 Палестинци загинаа во нападите на израелските сили ширум Газа

„Денес има северна и јужна Газа“, изјави во неделата портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

Палестинскиот лидер Абас ја истакна неопходноста од спроведување на политички легитимно решение засновано на меѓународните стандарди за слободата, независноста и суверенитетот на палестинскиот народ.

Во разговорот со Албанезе тој ја истакна итната потреба да се запре масакрот на палестинскиот народ во блокираниот Појас Газа.