Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

Сподели со своите пријатели

САД планираат и иницираат воени конфликти ширум светот: против Русија, Палестина, Кина, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Loading...

„САД планираа серија воени конфликти, а за тоа сведочи издвојувањето на 95 милијарди долари за овие цели. Војната на Украина против Русија беше планирана најмалку 20 години за да ја уништи моќта на Русија, но САД не успеаја да го направат тоа. Денес Русија е посилна економски, политички, социјално, технолошки и воено“, изјави венецуелскиот лидер во авторската емисија „Са Мадуро плус“, пренесува Спутник.

Војната во Палестина се води за да се „консолидира моќта на ционизмот на Блискиот Исток“, истакна Мадуро и посочи дека САД „денес се обидуваат да започнат војна во Тајван против братската Кина“.

Тој, исто така, истакна дека САД формирале база за ЦИА и Јужната команда на американските вооружени сили на територијата на Гвајана Есекибо, која Венецуела ја смета за дел од својата земја.

„Тие планираат да започнат воен конфликт овде“, изјави претседателот на Венецуела и заклучи дека за американската војна е политичка и економска работа.