Липковски: Куманово ќе продолжи да вложува во безбеден и модерен сообраќај (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Куманово го претстави делот од програмата што се однесува на подобрување на сообраќајот во градот и околните населени места.

Како што истакна кандидатот за советник на движењето, Игор Липковски, приоритет ќе биде безбедноста, функционалноста и современиот урбан развој.

„Современиот град се препознава по безбедниот, ефикасен и уреден сообраќај. Затоа, општина Куманово во новиот мандат ќе продолжи со силен фокус на подобрување на урбаната мобилност, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и создавање инфраструктура што одговара на современите потреби на граѓаните,“ изјави Липковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 600 ученици учествуваа во уличната трка по повод „11 Ноември“ (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Тој потсети дека во изминатиот период се реализирале значајни проекти кои го унапредија сообраќајниот систем.

Во изминатиот период, рече тој, се реализираа низа проекти што го унапредија сообраќајниот систем – реконструирани улици и тротоари, изградени кружни текови, поставена современа сигнализација и воведен бесплатен јавен превоз.

„Сето тоа е доволен показател Куманово да биде наречено пример за град кој се движи напред – безбедно, одговорно и со јасна визија“, рече тој.

Во следниот период, според најавите, предвидени се повеќе инфраструктурни зафати – целосна реконструкција на булеварите и главните сообраќајни артерии, изградба на три нови кружни текови, нови звучни семафори за лица со попреченост, како и модерни автобуски стојалишта и проширување на линиите на бесплатниот јавен превоз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе делови на Куманово

Покрај тоа, во програмата се планира и фазно формирање на пешачки зони и велосипедски прстен околу централното градско јадро, уредување на дополнителни паркинг-простори, меѓу кои и подземни катни гаражи и модуларни паркинзи, како и подобрување на урбаната мобилност со системи за паметен сообраќај.

„Безбедниот сообраќај е одговорност на сите – и на институциите, и на граѓаните. Секој уреден премин, секој кружен тек и секој метар тротоар значи повеќе безбедност и повеќе сигурност за нашите деца, ученици и постари граѓани. Куманово ќе продолжи да вложува во модерна, безбедна и достапна урбана инфраструктура, затоа што секој чекор, секое возење и секое патување во нашето Куманово мора да биде безбедно,“ додаде Липковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската болница воведе современ метод за операција на бутна коска