Кумановскиот Карате клуб „Ронин Доџо“ со 10 медали од турнир во Белград

Сподели со своите пријатели

Карате клубот Ронин Доџо од Куманово викендов учествуваше на „Топ Тен“ турнирот во Белград каде успеа да освои 10 медали.

Loading...

Од престижниот WKF карате турнир, кумановскиот клуб се врати со едно злато, два сребрени и седум бронзени медали.

 

 

Ахил Спасовски Јакуповски, Филип Христовски и Лауно Петковски освоија прво место во категоријата ката тим кадети/јуниори.

Лауно Петковски освои сребрен медал и во категоријата надежи 2009.

Во категоријата сениори со сребрен медал се закити и Александар Стојанчевски.

Loading...

Петра Стевановска и Милица Кипријановска освоија трето место во категоријата пионерки 2013, Џина Трајковска во категоријата надежи 2011, Филип Христовски во категоријата надежи 2009.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

 

 

Со бронза се врати и Милица Милановска во категоријата борби кадетки, а Матеја Милорадовска во категоријата јуниорки.

Клара Петрушевска, Џина Трајковска и Петра стевановска освоија трето место и во категоријата ката тим надежи.

Со одличен настап, но без пласман се вратија Андреј Стојановски, Кирил Младеновски и Михаил Петрушевски.

 

Loading...

 

– Имавме прилика за прв пат да учествуваме на овој исклучително квалитетен и силен натпревар кој дефинитивно ќе го вклучиме во редовниот календар понатаму. Нашите членови изработеа без грешки и веќе подолго време покажуваме солидна работа во иднина. Резултатите нема да изостанат, изјави тренерот на Ронин Доџо, Оливер Милорадовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст, за викенд дожд и снег

Никола Ивановски