Кумановската градинка продолжува со згрижување на децата и покрај штрајкот

Сподели со своите пријатели

Кумановската градинка „Ангел Шајче“ денеска продолжи со своите текови активности во сферата на грижа и заштита на децата и покрај штрајкот организиран од СОНК, кој освен училиштата ги опфаќа и градинките.

Loading...

Како што појасни директорката на установата Марина Алексовска денеска 350 дечиња биле згрижени во неколкуте објекти на градинката, иако 47 отсто од вработените се во штрајк.

Алексовска се повика на законите за заштита на деца кој вели дека згрижувањето и воспитување на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен во вонредни состојби.

– Правото на штрајк е загарантирано право на секој вработен, на секој работник согласно одредбите на Уставот, но согласно упатствата за организирање и одржување на генерален штрајк од страна на СОНК, дел од вработените работници имаат обврска за време на штрајкот да извршуваат и дел од некои минимални работни задачи за неопходно функционирање на нашата установа, за да може дејноста згрижување и воспитување на нашите најмали непречено да се одвива, а тоа се однесува особено на помош од техничкиот персонал, изјави Алексовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

 

 

Во кумановската градинка за штрајк денеска се одлучиле 103 од вкупно 219 вработени лица, односно како што рече директорката Алексовска, 53 отсто од нив си ги извршуваат своите работни задачи.

Loading...

Директорката вели дека се обидела да обезбеди заменски работници преку Агенцијата за вработување, но за такво нешто претходно морала да добие писмена согласност од Општина Куманово. Во петокот, од локалната самоуправа, како што појасни добила одлука дека во буџетот нема предвидено пари за таква намена.

– Сепак нашата установа продолжува со работа согласно законот, конвенција за правата на децата, согласно уставот и затоа се обраќам до јавноста и до родителите дека согласно сите овие закони и конвенции нашата установа и понатаму и денеска работи и си ја врши својата дејност згрижување и востпитување на децата и во услови на овој генерален штрајк и понатаму и во наредните денови доколку не дојде до некој договор, установата згрижува и воспитува деца како и денеска, изјави Алексовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Инаку во кумановската градинка се запишани околу 1.400 деца, од кои на дневно ниво пред штрајкот во просек доаѓаат половина од нив.

Никола Ивановски