Куманово го тресе кошаркарска треска пред мечот со Работнички

Сподели со своите пријатели

Во кошаркарското првенство на Македонија, денеска ќе се играат реванш натпреварите од полуфиналето во плејофот.

Loading...

Екипите на Куманово и МЗТ Скопје Аеродром ќе ја имаат првата можност да се изборат за место во големото финале.

По победата на гостувањето во Скопје, составот на Куманово пред својата публика ја има првата меч топка против Работнички. Неизвесниот меч одигран пред два дена кој кумановската екипа го доби со еден поен разлика (78:77) е добра најава дека и денешниот натпревар може да се очекува неизвесност до самиот крај.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром, многу полесно од очекуваното славеше победа во првиот полуфинален натпревар против Фени Индустри (79:62). Сепак. Тоа не треба да ги залаже аеродромци, кои сезонава имаат негативен биланс во дуелите со кавадаречката екипа, две победи и три порази во меѓусебните дуели.

Двата натпревари, во Куманово и Кавадарци, ќе започнат во ист термин од 19 часот.

Доколку е потребна мајсторка (трет натпревар) тие би се играле во Скопје, на 26 мај.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *