Кумановецот Ѓорѓевски меѓу најдобрите во репрезентацијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Мартин Ѓорѓевски имаше одличен настап на натпреварот против Белгија, кој младинската репрезентација на Македонија го играше вчера.

фото: fiba.basketball

Во 26те минути игра кои кошарарот на Куманово ги мина на паркетот реализираше вкупно 13 поени што го става на позицијата втор најдобар поентер во македонскиот состав.

фото: fiba.basketball

Иако Македонија убедливо претрпе пораз со резултат 56:95, сепак 20-годишниот кумановец прикажа одлична игра, но и надеж дека кумановската кошарка има потенцијал кој допрва ќе блеска низ кариерата која му претстои.

фото: fiba.basketball
фото: fiba.basketball
фото: fiba.basketball
фото: fiba.basketball

Leave a Reply