Дваесет и петгодишник од Куманово бил приведен ноќва, откако со своето возило „ауди“ во две паркирани возила, а потоа нападнал полицаец.
– На 22.02.2025 во 02.35 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(25) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, претходно, тој на крстосница од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „Моша Пијаде“, управувајќи возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во пракирани патнички возила „ауди“ и „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки.
– Настанот го забележале полициски службеници и откако се доближиле до возилото, А.Д. почнал да се однесува агресивно и физички нападнал еден од нив, стои во соопштението на кумановската полиција.
Никола Ивановски