Кумановци му одржаа лекција на бугарскиот Академик Пловдив

Сподели со своите пријатели

Со резултат 79:96, кошаркарите на Куманово денеска го совладаа тимот на бугарскиот Академик Пловдив во мечот кој се играше денеска во Бугарија, а во рамките на БИБЛ лигата.

Loading...

Уште во првата четвртина избраниците на тренерот Владимир Марковски прикажаа подобра играа од домаќинот, па семафорот покажа 20:23 за сино-белите.

Вториот дел од првото полувреме кумановци го продолжија со исто темпо за да веќе на полувреме се замине со 41:47.

Малата предност не дозволи кумановци да се опуштат во вториот дел од средбата. Третата четвртина беше скоро па изедначена во однос на поените, кумановци уфрлија само еден повеќе од академците.

Последната четвртина Куманово имаше најдобра игра и триумфираше среде Бугарија со 79:96.

Пловдив важеше за еден од претендентите за освојување на БИБЛ лигата и се наоѓа на првата позиција во табелата од Е групата, но по втор пат загуби од Куманово.

Отис Ливинстон, новото американско засилување во Куманово, впиша 21 поен исто како и неговиот сонародник Рос, а двоцифрени поени имаат и Марковски, Живчевиќ и Андрејевиќ.

БИБЛ „авантурата“ на Куманово не завршува тука. Утре со почеток во 18 часот по локално време играат против тимот на Берое.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply