Кулеба е разочаран што Берлин нема да ги испорача тенковите

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска го изрази своето разочарување што Германија не испорача тенкови „Леопард“ и борбени возила „Мардер“ на Украина.

Loading...

„Разочарувачки сигнали од Германија додека на Украина и се потребни тенкови Леопард и возила Мардер – да ги ослободи луѓето и да ги спаси од геноцид“, објави Кулеба на Твитер.

Тој оцени дека не постои рационален аргумент зошто ова оружје да не и се доставува на Украина, туку дека има само стравови и изговори.

„Од што се плаши Берлин, а Киев не?“, праша Кулеба.

Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт вчера ги отфрли барањата за испорака на борбени тенкови во Киев.

„Ниту една земја досега не испорача пешадиски борбени возила или борбени тенкови од западно производство“, рече тогаш Ламбрехт, додавајќи дека Германија се согласила со своите партнери да не преземаат такви акции еднострано, објави Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.