10.11.2018 11:53

Кучињата можат да ги детектираат овие болести кај човекот


Веќе се направени научни истражувања кои покажуваат дека кучињата можат да ги намирисаат болестите кај луѓето, но сега дефинитивно е установена листата на заболувања кои кучето може да ги почуствува со мирис.

Маларија

Минатата недела научниците докажале дека е доволно кучето да помириса нечии чорапи за да знае дали лицето има маларија. По само неколку месеци тренинг лабрадор и ретривер можеле од маса да издвојат болесни деца.

Рак на простата

Уште во 2015. година едно италијанско истражување покажало дека доколку ги тренирате кучињата да почуствуваат одредени хемикалии, тие можат да предвидат рак на простата. Имено, во рамките на овој експеримент дресирани се два германски овчари да намирисраат посебни материи и кога ги вовеле во просторија со здрави и заболени учесници од испитувањето, кучињата биле во право во 90 отсто од случаите. Интересно е што кај многу заболени болеста се уште не била потврдена.

Во тек е студијата која ќе го открие однесувањето на кучињата во секојдневно клиничко опкружување.

Зошто кучињата ни „крадат“ работи и како тоа да го спречиме?

Дијабетес

Кучињата веќе се користени за испитување на нивните способности да намирисаат екстремно високо или екстремно ниско ниво на шеќер во крвта. Хуманитарната фондација „Hypo hounds“ години наназад тренира кучиња да детектираат пореметување на шеќер во крвта кај своите сопственици така што им ја мириса потта или здивот. Животните можат да установат пореметување пред региларните клинички тестови да го покажат тоа.

Паркинсонова болест

Истражувањата на Универзитетот во Манчестер настојуваат да покажат дека кучињата можат да се издресираат да почувствуваат Паркинсонова болест некогаш и години пред да се појават симптомите. Трудот е заснован на фактот дека жена почувствувала промена во мирисот на телото на својот маж шест години пред да му биде дијагностифицирана Паркинсоновата болест

Рак на дојка

Уште една хуманитарна фондација „Buckinghamshire healthcare“ стои зад дресурата на кучиња да насетат болест. Овој пат се работи за рак на дојка. Денес жените можат да одат на мамографија еднаш во три години поради зрачењето, а ако кучињата би можеле да ја детектираат болеста тогаш бројот на откриените случаи ќе се зголеми за 60 отсто, но и излекувањето би било посигурно.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments