Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Сподели со своите пријатели

Жител на кривопаланечкото село Станци заработи кривична пријава под сомнение дека физички нападнал кумановец и му го оштетил возилото.

Loading...

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.А.(39) од село Станци, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на 07.07.2024 во село Станци, ,пријавениот најпрвин му упатувал закани, а потоа физички го нападнал Г.С. (50) од село Горно Коњаре, кумановско, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско