„Кремљ е отворен за преговори бидејќи сака да ги прегрупира своите сили“

Сподели со своите пријатели

Александар Родњански, советник на претседателот Володимир Зеленски, рече дека руската влада едноставно се обидува да купи повеќе време.

Loading...

Тврдењата на Кремљ дека е отворен за преговори беа изнесени затоа што на руските сили им „треба повеќе време да се регрупираат и обноват“, изјави украински функционер за Си-Ен-Ен.

„Блицкригот им тргна ужасно наопаку и тие го знаат тоа, така што им треба повеќе време да се регрупираат и да ги обноват своите трупи“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на викендот изјави дека Русија е отворена за разговори за војната во Украина и ги обвини Киев и неговите западни поддржувачи за недостигот на разговори, што Вашингтон претходно го отфрли.

Украинскиот министер најави мировни преговори пред крајот на февруари

„Подготвени сме да преговараме со сите вклучени за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив – не сме ние оние кои одбиваат да преговараат, тие одбиваат“, изјави Путин за руската државна телевизија Росија 1, пренесува Скај њуз.

Вчера украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за Асошиетед прес изјави дека земјата има намера да одржи мировни преговори до крајот на февруари.

Тој додаде дека тоа најверојатно ќе биде во Обединетите нации, со генералниот секретар Антонио Гутереш како можен посредник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...