Кралицата Елизабета Втора напишала писмо до граѓаните на Сиднеј пред повеќе од 30 години и наредила да се чита кон крајот на 21 век.
Кралицата Елизабета Втора ја отвори фантазијата на многу луѓе ширум светот кои дознаа за фактот дека пред повеќе од 30 години напишала тајно писмо кое се чува на посебно место.
Во 1986 година, во своја рака, покојната кралица напишала писмо упатено до почесниот лорд градоначалник на Сиднеј, Австралија.
Меѓутоа, ова писмо сѐ уште не го прочитал градоначалникот на Сиднеј, а и нема да го прочита, бидејќи кралицата наредила писмото да се прочита дури во 2086 година.
Не е позната причината за нејзината одлука, а не е позната ниту содржината на писмото кое се чува на посебно место и под посебна заштита.
Писмото е сместено во стаклена кутија во историската зграда на кралицата Викторија во Сиднеј.
Елизабета го напишала писмото по повод обновувањето на некогашниот локален пазар, кој сега е голем трговски центар, а единствените упатства што кралицата ги дала со писмото биле:
„’Поздрав. Во соодветен ден по ваш избор, во годината на Господа 2085, може да го отворите овој плик и да ја прочитате мојата порака до граѓаните на Сиднеј“.
За време на нејзиното владеење, Елизабета многу ја сакала Австралија и ја посетила дури 16 пати.
Во 1954 година, таа пристигна во Сиднеј за прв пат со нејзиниот сопруг, принцот Филип, и тогаш беше првиот монарх што стапнал на австралиска почва.
Во 1973 година, кога ја отвори операта во Сиднеј, милион туристи и граѓани се собраа во градот за да ја видат кралицата.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.