Ковачевски: Со повратот на ДДВ кон стопанството ја поддржуваме конкурентноста и ликвидноста на компаниите

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи.

Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.

„Владата креира позитивни политики и затоа успеавме да постигнеме ефикасност на плаќање данок кон државата. Како влада се залагаме за поедноставни процедури, се со цел да изградиме силен и нераскинлв однос со нашите партнери, команиите.

Успешната деловна соработка значи посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните.Минатата година, остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец лани

Повратот на ДДВ за 2022 година, изнесува над 727 милиона евра, така дополнително ја поддржуваме ликвидноста и конкурентноста на компаниите.

Многу важно е дека го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните и тоа од 1.800 денари на 2.100 денари по тромесечие“ изјави премиерот Ковачевски.

Компанијата „Виталиа“ постои 30 години и освен во призводство на здрава и специфична храна, инвестирала и во фотоволтаици.

Со моменталната поставеност на ситемот за генерирање електрична енергија, „Виталиа“ користејќи го сонцето обезбедува максимална ефикасност за исполнување на потребите за електрична енергија која се користи за производствените процеси, како и во останатите објекти во компанијата.

Директорката на Управата за јавни приходи, Лукаревска посочи дека компаниите како „Виталиа“, кои се дисциплинирани даночни обврзници се партнер на Владата во заедничко креирање политики.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ристески: „Училишната кошничка“ донесе заштеда и до 3.000 денари по семејство (ВИДЕО)

„Така заедно придонесуваме кон подобра деловна клима, заедно се бориме против сивата економија и заедно создаваме имиџ за меѓусебна доверба и поврзаност.

Верувам дека за менаџерите во претходните, специфични години, беше предизвик да ги задржат работните места, но и да обезбедат пласман на производите и затоа од исклучителна важност е заедно, домаќински да придонесеме за побрзо надминување на предизвиците“, истакна Лукаревска.

Искра Ветаџокоска-Муцунска, управител и ко-сопственик на „Виталиа“ истакна дека 30 години компанијата вложува во know-how во производството на здрава храна и задоволувањето на потребите на потрошувачите.

30 години на напорна работа, труд и знаење, вложени во проучувањето на најквалитетните состојки и производство на здрава храна за сечиј вкус.

“Во 2022 ја започнавме „зелената иницијатива“, поставивме фотоволтаичен систем за генерирање електрична енергија, кој ни обезбеди значително подобра ефикасност, економичност и секако заштита на околината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец лани

И во новата 2023 си поставивме амбициозни планови. „Виталиа“ ќе продолжи да биде hub за иновации во здравата храна, ќе ги соединиме технологијата и квалитетните состојки со експертско знаење и на тој начин дополнително ќе го диверзификуваме нашето портфолио.

Ќе се фокусираме и кон пазарите во развој – Африка како огромен потенцијал, каде веќе сме присутни во 8 држави, подигнувајќи го извозот на 80% застапеност во вкупната продажба.

Нашата цел е да го развиеме брендот и да помогнеме во градењето на култура на здраво живеење во сите 55 земји ширум светот каде брендот „Виталиа“ e денес застапен.

И секако и во следните години остануваме доследни на нашата мисија – со здрави производи да создаваме здрави генерации”, изјави Ветаџокоска- Муцунска.