Членовите на здружението на граѓани Коледари од Куманово ги повикуваат сите граѓани во понеделник да бидат дел од масовното чествување на Бадник.
Станува збор за 25ти јубилеј на оваа традиционална манифестација, прорамата е подготвена, а бадниковите гранчиња беа набрани минатиот месец во село Колитско.
На 6ти јануари со почеток во 10:30 часот коледарите ќе се соберат во Касапски круг, а еден час подоцна ќе започне литургија во Соборниот храм „Свети Никола“ каде ќе се подели и коледарска погача.
Точно напладне ќе започне коледарската поворка низ улиците на градот, а по половина час ќе пристигне на Градскиот плоштад.
Годинава на манифестацијата ќе присуствуваат и граѓани со зурли од Галичник.
На плоштадот ќе има обраќање новиот кум, а ќе бидат поделени и бадниковите гранчиња, греена ракија и овошје.
– Дружење со граѓаните до 13:30 часот пропратено со музика, честитање меѓу себе и потоа сите се враќаме во своите домови за да го продолжиме празнувањето бидејќи ова е сепак домашен празник, велат од здружението.
Кум на годинешното 25то издание на манифестацијата е Драган Трајковски.
Никола Ивановски