Коалицијата ”Граѓаните за Македонија”, во среда, на 24 јуни, во 18 часот, ќе организира протест пред Владата на Република Македонија под мотото „УКА, БУКА, ОДИ СИ НИКОЛА!“
Граѓаните, од Владата на РМ ќе се упатат кон резиденцијата на Никола Груевски.
Овој протест, ќе биде најбучен досега, ги повикуваме граѓаните да носат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети што создаваат бучава и заедно ќе се упатиме пред домот на Никола, за тој да слушне и конечно да разбере дека мора да си оди. Никола Груевски, мора да ја напушти власта, затоа што, девет години владее со Македонија, на криминален и насилен начин. Тоа впрочем, недвосмислено го потврдува и експертскиот извештај на Европската комисија, стои во писменото соопштение на коалицијата ”Граѓаните за Македонија”.