КК Куманово утре го пречекува КК Ангели

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на КК Куманово 2009 утре на домашен терен го пречекуваат составот на КК Ангели во рамките на деветото коло од Втората кошаркарска лига.

Loading...

Гостинскиот состав сепак влегува како фаворит во мечот, што не значи дека КК Куманово не би можел да направи изненадување и да пристигне до првата победа сезонава користејќи ја предноста на домашниот терен.

Ангели засега се четврто пласирани во табелата, додека кумановци се на последното место и мака мачат да впишат бод.

Утрешната пресметка е закажана за 18:00 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Никола Ивановски