Во Спортската сала во Куманово, денес гостува тимот на КК Работнички, но, поради новонастанатата ситуација, мечо закажан од 19 часот ќе се игра пред празни трибини. Ваков договор бил постигнат во комуникација на управата на КК Куманово и Министерството за внатрешни работи.
Натпреварот беше одложен поради влошената безбедносна ситуација и овој дуел нема никакво резултатско значење, поради што и двата тима веднаш се согласиле средбата да биде одиграна без публика.
Работнички и Куманово ќе ја почнат полуфиналната серија в петок од 19 часот, со првиот меч од доигрувањето.
Пoбедникот ќе вкрстува со подобриот од дуелите меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри. Полуфиналето се игра до две победи, скопските екипи имаат предност домашен терен.