Ќе се продолжи булеварот „Октомвриска револуција“

Сподели со своите пријатели

Завршена е експропријацијата на земјиштето околу улицата „Братство и Единство“ во Куманово, во тек е подготовка на проектна документација и создадени се услови за продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за комунални дејности.

Loading...

– Предвидено е булеварско решени, чекаме на завршување на завршување на проектите, постапката за одобрение за градба. По завршување на истите ќе се објави тендер и по завршување на постапката ќе се пристапи кон релација. Согласно ГУП е предвидено продолжување на булеварот, изјави раководителката на секторот, Лидија Ланг Спасовска.

Општина Куманово претходните години изгради атмосферска канализација на оваа улица од меѓуградската автобуска станица долж стариот градски парк, преку прекуграничен проект со општина Гњилане. Продолжувањето на булеварот, според надлежните ќе го реши сообраќајниот метеж во градот

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат