Кина стави во карантин град со 21 милион жители

Сподели со своите пријатели

На сите жители на Ченгду, главниот град на југозападната кинеска провинција Сечуан, им е наредено да не ги напуштаат своите домови од 18 часот денеска, освен задолжителното тестирање за Ковид-19, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Според строгите епидемиолошки мерки на властите во градот со над 15 милиони жители, домаќинствата можат да испратат едно лице со негативен тест во текот на денот да купи намирници, а жителите со итни барања, како одење на лекар, се предмет на на одобрување на комисијата на куќниот совет.

Сите бизниси се затворени освен супермаркетите, аптеките и болниците.

Новите мерки го одразуваат инсистирањето на Кина на таканаречената „политика на нулта толеранција кон коронавирусот“, која има за цел да ја потисне секоја појава во рана фаза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Ченгду пријави 156 случаи на Ковид-19 во средата, со што вкупниот број на случаи на повеќе од 700 во изминатата недела, според Си-Ен-Ен.