Катар формира теренска болница во Газа

Сподели со своите пријатели

Катар формира теренска болница во Појасот Газа каде Израел спроведува воена кампања.

Loading...

Со поддршка од владиниот Фонд за развој на Катар, палестинската Црвена полумесечина започна со поставување болница со 50 кревети во палестинскиот град Рафа во густо населената енклава, соопштија во средата медицински тим и Црвената полумесечина на Катар.

Болницата ќе има операциона сала, одделение за интензивна нега, лабораторија и аптека, а со неа ќе раководи тимот на Палестинската полумесечина, се додава во онлајн соопштението.

Се уште не се знае кога болницата ќе почне со работа. Катар е клучен поддржувач на палестинската исламистичка група Хамас, која САД, ЕУ и Израел ја сметаат за терористичка организација.

Заливскиот емират богат со енергија е главниот посредник во актуелниот конфликт меѓу Израел и Хамас.

Минатиот месец, Катар помогна да се постигне сега веќе непостоечкото примирје меѓу Хамас и Израел, што овозможи размена на заложници за затвореници.