Карантинот во Кина ги намали цените на нафтата

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата паднаа денеска поради мерките за затворање поради корона вирусот во Кина кои влијаеја на економската активност во Шангај, водечкиот деловен центар во земјата.

Loading...

Кинескиот финансиски центар, кој има 26 милиони жители, им нареди на сите компании да го прекинат производството или да ги префрлат луѓето на работа на далечина за време на заклучувањето, што ќе се спроведува во две фази во следните девет дена.

 

Украинска армија: Русите се повлекуваат од Киев по загубите

 

Проширувањето на рестриктивните мерки во земјата која е најголем увозник на нафта во светот доведе до пад на цените на „црното злато“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Европската нафта Брент потона за 3,39 долари на 117,26 долари за барел, додека американската нафта WTI поевтини за 3,41 долари на 110,49 долари за барел, пренесува Ројтерс.