Канада испраќа 15 милиони долари за деминирање на Украина

Сподели со своите пријатели

Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли најави дека земјата ќе донира 15 милиони канадски долари за Украина за набавка на заштитна опрема потребна за отстранување на експлозивни направи од минирани области.

Loading...

Донацијата ќе помогне во откривање и чистење на нагазни мини, неексплодирани гранати и други експлозивни направи, пренесува Ројтерс.

Канада ќе обезбеди средства за купување на заштитни одела за деминирање, напредни системи за далечинско деминирање и системи за расчистување на големи површини.

Украинските власти сега проценуваат дека нагазни мини се пронајдени на околу 30 отсто од територијата на земјата, рече Џоли во вчерашниот говор на Универзитетот Карлтон во Отава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Дали се на ред борбени авиони, па подморница...?

Во август, американскиот Стејт департмент одобри 89 милиони долари помош за Украина за обука и опремување на 100 тимови за деминирање.