Кампања за вдомување миленичиња која ќе ве разнежи (видео)

Сподели со своите пријатели

Социјалната кампања за поддршка на напуштените животни не ги остава гледачите рамнодушни. Во новото видео снимено за потребите на Фондацијата за животни ” Син крст”, куче по име Бакстер бега од своите зли сопственици и пеејќи ја песната «I Will Survive» или во превод ќе преживеам, се обидува да си најде нов дом.

Loading...

Улогата на кучето Бакстер е опишано во најавата за згрижување на бездомни животни кои чекаат да бидат вдомени, со зборовите:

Здраво, јас сум Бакстер.

Моите сопственици не ме сакааа и решив да побегнам од нив. Првин бев исплашен, мислејќи дека нема да можам да живеам без нив. Знаете што следи понатаму.

Но, учтивите и сожаливи луѓе од  “Син крст” ме земаа и ме згрижија, а потоа ми најдоа прекрасно семејство кое ме прифати и ме сака многу.

Но, не сите миленичиња може да споделат среќен крај. Светот е полн со бездомни животни на кои им треба вашата поддршка, стои запишано на официјалната веб страна на англиската фондација  ” Син крст”.