Како месото да остане квалитетно и откако ќе го одмрзнете?

Сподели со своите пријатели

Најбезбедниот начин за одмрзнување на месото е да го оставите полека да се одмрзне – брзото замрзнување и бавното одмрзнување се најдобри начини да избегнете загрозување на квалитетот на месото.

Loading...

Најидеално би било да испланирате еден ден однапред и да го префрлите месото од замрзнувачот во фрижидер.

На големи парчиња месо, како што се замрзната мисирка и свинско ребро, може да бидат потребни неколку дена за да се одмрзнат во фрижидер.

Сепак, можете брзо да го одмрзнете месото во сад со ладна вода.

За мали пакувања месо, околу половина килограм, потребно е околу еден час. Поголемите пакети може да потраат и до два часа, пренесува 24 sata.hr.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отстранете го белиот леб од исхраната и очекувајте големи промени!

Главниот готвач во ButcherBox советува замрзнатиот стек, додека е во неговата амбалажа, да се стави во контејнер и да се остави ладна вода да тече преку него.

Потоа треба да се пржи во тава по три минути од секоја страна, а потоа во рерна 15 минути.

Можете да подготвите и замрзнато пилешко без одмрзнување, но никогаш на скара или во тава, туку во некаков сос.

Loading...

Сепак, гответе го двојно подолго од вообичаеното на малку пониска температура, но не под 175°C. Истото правило важи и за свинското како и за пилешкото.