Бежичното полнење на iPhone 8 ќе биде поинакво од вообичаените според информациите кои протекоа во јавноста. Компанијата „Apple“ наводно во целост ќе го изостави стандардното 15w брзо полнење кое е одобрено од страна на Wireless Power Consortiuma за iPhone 8.
Изгледа дека овогодинешниот iPhone 8, познат и како OLED iPhone, се уште има неколку изненадувања за нас. На пример, немаме слушнато многу точни информации за технологијата на бежично полење, освен фактот дека тоа ќе биде целосно поинаква постапка од онаа на која до сега сме навикнати. Бежичниот полнач на iPhone 8 нема да добие 15w стандард. Полначот нема да биде стандарден Apple полнач, туку во него ќе биде вграден псоебен чип, на голема жал на кинеските продавачи.
Apple и онака е член на Consortium, кој е формиран токму за претставување на стандардни решенија за бежичната технологија. Тоа би можело делумно да биде точно, затоа што до сега скоро сигурно е дека Qi стандардот за полнење исто така ќе биде дел од полначот на iPhone 8. Тоа е тенологија која исто така ја имаат и часовниците произведени од оваа компанијата. предноста на ова е што технологијата е способна да полни било каков вид на уреди.
Во овој случај, би можеле да го полните и Apple Watch и iPhone на истиот полнач, но би можеле дури да ги наполниме и лап топовите или iPad-от. Никој не е доволно луд да помисли дека компанијата од Купертин во своите продавниците ќе има залихи полначи, кои можат да го полат секој уред, освен нивниот.