Кафе може „на празен стомак“, но не веднаш откако ќе се разбудите

Сподели со своите пријатели

Многумина велат дека не можат да го започнат денот без првото утринско кафе. И тоа е сосема во ред, иако некои ќе речат дека не е мудро да уживате во овој пијалок на празен стомак, но тоа не е точно.

Loading...

Сепак, подобро е да се каже дека не е мудро да пиете кафе веднаш штом ќе ги отворите очите…

6 симптоми со кои телото ви кажува дека претерувате со кафето

Имено, се покажа дека најдобро време да уживате во утринското кафе е еден час по будењето. Има многу логична причина за ова. Веднаш по будењето, телото произведува многу кортизол, со оглед дека не е само хормон за стрес, туку и хормон за „будност“, бидејќи телото нормално произведува кортизол во стресни ситуации за да нè „разбуди“ и да ни помогне да реагираме подобро.

Ако пиете кафе во време кога нивото на кортизол е на високо ниво (да речеме наутро, веднаш по будењето), му велите на телото да произведува помалку кортизол.

Така, не само што го „поткопувате“ ефектот на кофеинот, туку го намалувате и ефектот што кортизолот го има врз будноста.

Зошто кафето нѐ тера да одиме во тоалет?

Покрај тоа, сето ова може да придонесе за нетолеранција на кофеин, така што ќе ви треба сè повеќе кафе за да се разбудите.

Loading...

Значи, вие дефинитивно не мора да се откажувате од утринското кафе, но бидете сигурни да не го пиете во првиот час по будењето.

Исто така, „лошиот“ термин за кафе е помеѓу пладне и 13 часот, како и помеѓу 17:30 и 18:30 часот, бидејќи кортизолот е на високо ниво во организмот во тие периоди.

Leave a Reply