Зошто кафето нѐ тера да одиме во тоалет?

Сподели со своите пријатели

Кафето не е познато по тоа што не расонува наутро, туку и како многу ефикасен лаксатив. За да утврдат зошто тоа се случува и дали е во прашање влијанието на кофеинот или нешто други, научниците на лабораториски глувци им давале дневни дози кафе.

Loading...

Прелиминарните резултати, објавени се минатиот викенд во САД на конференција за варење, а одат во прилог на старата теза дека лаксативните својства на кафето немаат никаква врска со кофеинот. На конференцијата е објавено и дека кафето може да ги убие бактериите кои се наоѓаат во нашите црева.

Истражувачите од Универзитетот Тексас давале на глувците реодвно мали дози кафе. Една група глувци добивала кафе со кофеин, а другата без. Научниците потоа го следеле варењето на флувците и исфрлањето на изметот.

Резултатите покажале дека мускулите на органите за варење полесно се контрахираат по пиење на кафето, што значи дека работите се движат побрзо.

– Кафето го има стиумулативниот ефект на подвижност во внатрешноста на цревата, а тоа воопшто не е поврзано со кофеинот. Овој ефект можевме да го видиме и кај внесувањето кафе без кофеин, рекол лидерот на истражувањето Ксуан Женг Ши за „Гизмодо“.

Оваа студија не е прва која наговестува дека мускулите на дигестивниот тракт се под директно влијание на кафето.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *