Каде се троши најмногу на проституцијата?

Сподели со своите пријатели

Најстариот занаеt на светот легален е во поголем број на земји и покрај фактот дека на многумина не им се допаѓа идејата за плаќање секс, проституцијата сепак е присутна ширум светот, била таа легална или не.

Во ова село сите жени и девојчиња се приморани на проституција

Loading...

Од 196 официјално признаени земји на светот, проституцијата е легална во повеќе од педесет, но тоа не ги спречува државите како Јужна Кореја, каде е незаконска, да бидат меѓу првите десет земји во кои се трошат најмногу пари на проститутките според главата на жителите.

Податоците се темелат на проценката на пазарните вредности од земјите во кои може да се дојде до податоците за приходите од проституцијата, па се користеле програми за јавно здравство и полициска иницијатива за да се дојде до просечната потрошувачка за проституцијата.

Проституцијата во Куманово „цутела“ и во почетокот на 20 век (ФОТО)

И покрај тоа што Кинезите трошат убедлибо најмногу за проституцијата, неверојатни 73 милијарди долари, сепак Шпанија е на врвот каде потрошувачката според глава на жител просечно изнесува 372 долари по маж.

Еве го и пописот на првите 10 земји, односно колку секој маж во просек годишно троши на проститутките:

Ова се 10 најнеобични бордели во светот (ВИДЕО)

Шпанија – 372 долари

Швајцарија – 291 долари

Loading...

Јужна Кореја – 165 долари

Германија – 151 долар

Јапонија – 128 долари

Бугарија – 122 долари

Тајланд – 63 долари

Тајван – 53 долари

Ирска – 45 долари

Израел – 42 долари

Приходот од проституцијата ширум светот годишно изнесува околу 186 милијарди долари.

Контроверзен бордел само за богаташи: Чланарината чини 1,6 милиони долари, а локацијата е тајна (ВИДЕО)

Loading...

Според бројот на вработените во проституцијата, Кина е на првото место со пет милиони луѓе, а веднаш потоа е Индија со три милиони и САД каде еден милион луѓе работат во таа услужна дејност.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *